Оставка на премиерката на Летонија поради лошите резултати на Владата

07.12.2015 13:54

Лаимдота Страујума најави оставка по состанокот со шефот на државата Рајмондс Вејонис, кој оценил дека владата не работи добро...

Премиерката на Летонија, Лаимдота Страујума најавила оставка поради лошите резултати на Владата во Рига.

Лаимдота Страујума најави оставка по состанокот со шефот на државата Рајмондс Вејонис, кој оценил дека владата не работи добро.

„Го информирав претседателот за оставката“ изјавила премиерката на Летонија. На таа функција е од ноември 2014  година.