Екстремна загаденост во Пекинг
07.12.2015 14:25
Ќе бидат забранети сите активности на отворено, училиштата ќе бидат затворени...

Прогласен црвен метео аларм во Пекинг поради загаденост на воздухот.
Властите предупредија дека од утре до четврток воздухот ќе биде екстремно загаден, при што ќе бидат забранети сите активности на отворено, училиштата ќе бидат затворени.
Владата вети дека сериозно ќе се ангажира околу решавање на овој проблем.
