Чествување на Св. Климент Охридски

07.12.2015 13:33

Ова е една од најсветлите личности на нашата вера, творец и беседник на кирилицата. Повеќе од 11 века, Свети Климентовото слово описменува, се наведува во честитката на Божиновска...

Утре Македонската православна црква го прославува својот патрон светителот Климент Охридски. Во дел од црквите низ земјава почна чествувањето, а за празникот честитка до архиепоскопот охридски македонски Г.Г. Стефан, и членовите на Светиот архиерејски синод упати и директорката на Комисијата на односи со весрките заедници Валентина Божиновска.

Ова е една од најсветлите личности на нашата вера, творец и беседник на кирилицата. Повеќе од 11 века, Свети Климентовото слово описменува, се наведува во честитката на Божиновска. 

Денеска на првиот програмски сервис на Македонската телевизија во 18 часот, директен пренос од Свечената академија по повод празникот Св. Климент Охридски. Утре во Собранието се доделува и државната награда Св. Климент Охридски.