Можностите за инвестирање во Македонија пред сингапурските бизнисмени

07.12.2015 16:03

Станува збор претежно за фирми од четири таргетирани сектори: производство, финансии, логистика со транспорт, туризам и недвижности...

Во соработка со Сингапурската бизнис федерација министерот за привлекување странски инвестиции Горан Мицковски утре ќе ги презентира можностите за инвестирање во Македонија пред 40-тина водечки компании од Сингапур.

Станува збор претежно за фирми од четири таргетирани сектори: производство, финансии, логистика со транспорт, туризам и недвижности.

Сингапурската бизнис федерација е оформена со одлука на Парламентот и во неа   членуваат повеќе од 21.500  компании кои што имаат почетен капитал поголем од половина милион сингапурски долари.

Свето Николовски