Магла на патиштата кај Кула, Велес, Неготино, Скопје, Тетово, Гостивар...

08.12.2015 08:50

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани, по претежно суви коловози...

Магла со видливост од 50 до 200 метри има кај Кула, Велес, Неготино, Скопје,  Тетово, Гостивар, Битола, Прилеп, Ресен, Охрид, Македонски Брод, Кочани, Штип и Павлешенци, информира Автомото сојузот на Македонија.

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.