Положено цвеќе пред споменикот на Свети Климент

08.12.2015 12:38

Цвеќе положија и делегации од Собранието на Република Македонија, од Владата на Република Македонија, од политички партии и здруженија на граѓани...

По повод државниот празник 8 декември - Свети Климент Охридски, македонски светец и еден од учениците на светите  Кирил и Методиј, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски положи цвеќе пред  споменикот на Свети Климент Охридски, во близина на Соборниот храм.

Цвеќе положија и делегации од Собранието на Република Македонија, од Владата на Република Македонија, од политички партии и здруженија на граѓани.