Доделени државните награди „Св. Климент Охридски“
08.12.2015 13:57
Наградата претставува највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста и здравството.

Во Собранието доделена државната наградата „Св. Климент Охридски“- највисокото признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста и здравството.
Дефектологот Горан Ајдински и теологот и филолог Ратомир Гроздановски се добитници на наградата во областа на воспитанието и образованието, за врвни достигнувања во културата и уметноста, наградата ја доби Раде Силјан, поет, литературен критичар и есеист, а педијатарот доктор Аспазија Софијанова во областа на здравството.
