Метео: И утре магла по котлините
08.12.2015 14:08
На повисоките места и на планините ќе преовладува сончево и потопло време...

И утре во претпладневните часови по котлините се очекува појава на магла и ниска облачност, попладне ќе има услови за делумно намалување на маглата и благо расчистување на водухот.
На повисоките места и на планините ќе преовладува сончево и потопло време.
Во текот на ноќта ќе почне да дува слаб до умерен северен ветер што ќе предизвика намалување на условите за појава на магла во четврток.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
