Македонија го чествува Св. Климент Охридски
Свети Климент Охридски е и основач на првиот универзитет во Европа и коректор на првата македонска азбука – глаголицата, што ја нарекол Кирилица. Идната година се одбележуваат 1.100 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски...

Македонија го чествува Свети Климент Охридски, најистакнатиот ученик на творците на словенската писменост, светите браќа Кирил и Методиј. Во соборниот храм во Скопје се одржа божествена литургија, со која чиноначалствуваше неговото блаженство, Архиепископот охридски и македонски, господин господин Стефан. Храмот што го носи името на македонскиот просветител беше преполн со верници.
Свети Климент Охридски е и основач на првиот универзитет во Европа и коректор на првата македонска азбука – глаголицата, што ја нарекол Кирилица. Идната година се одбележуваат 1.100 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски.
Пред неговиот споменик, дело на скулпторот Томе Серафимовски,се поклонија и положија цвеќиња владина делегација, делегација на Собранието,од Кабинетот на претседателот и од политички партии.
