Државниот врв и политичките партии со честитки по повод празникот Св. Климент Охридски

08.12.2015 14:21

Учејќи нè на универзалните вредности и принципи на солидарност и хуманост, Свети Климент нè повикува да се обновиме со добрина и со чистота, и животот да ни биде достоен по светост, а не само по име да се нарекуваме христијани, вели во честитката претседателот Иванов...

По повод празникот Свети Климент Охридски,честитка до поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија и до верниците упатија државниот врв и политички партии.

Учејќи нè на универзалните вредности и принципи на солидарност и хуманост, Свети Климент нè повикува да се обновиме со добрина и со чистота, и животот да ни биде достоен по светост, а не само по име да се нарекуваме христијани, вели во честитката претседателот Иванов.

Нека денешниот христијански празник бидe водилка за уште поголеми достигнувања и промовирање на воспоставената традиција на заедничко почитување и помагање. Наши ќе бидат придобивките ако работиме на создавање просперитетна и економски развиена држава, со која ќе се гордеат идните поколенија, стои во честитката од претседателот на Собранието, Вељаноски.

Делата на Свети Климент не обврзуваат сите да ги промовираме, следиме и заеднички да ги поттикнуваме патеките на меѓусебното разбирање, почитување и помагање, стои во честитката од лидерот на СДСМ, Заев.

Апостолско дело и мисијата на Свети Климент за описменување имаше цел да се спротивстави на однародувањето и асимилацијата, што е должно за почит, но и поука за сите генерации за чување на културната, јазичната и националната посебност како исконска должност и аманет, стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ.