Од утре пред Анкетната комисија треба да се појават сведоците што ги предложија пратеничките групи

08.12.2015 14:32

Според редоследот што го соопшти вчера претседателот на комисијата Шилегов, прв треба да сведочи премиерот Никола Груевски...

Според најавите, од утре па до 15-ти декември, пред Анкетната комисија треба да се појават сведоците што ги предложија пратеничките групи. Според редоследот што го соопшти вчера претседателот на комисијата Шилегов, прв треба да сведочи премиерот Никола Груевски.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Шилегов го крши деловникот за работа и дека ја приватизирал комисијата. Владејачката партија освен Груевски, ги предложи вицепремиерот и министер за финансии, Ставрески и ексминистерката за внатрешни Јанкулоска. СДСМ пак, на листата ги стави поранешниот министер за транспорт Јанакиески, ексдиректорот на УБК, Мијалков и советникот на премиерот Груевски, Протуѓер.

Според деловникот, членовите на комисијата имаат право на поставување 3 прашања од по 5 минути, а сведокот одговара во исто времетраење. Седниците се јавни, освен ако се изнесуваат класифицирани информации или ако побара сведокот.

Извештајот за работата, Анкетната комисија до собранието треба да го достави најдоцна до крајот на јануари.