Законски измени за враќање на медицинските сестри во јавното здравство

08.12.2015 14:37

Со оваа уште повеќе ќе се зголеми квалитетот на здравствениот кадар, вели министерот Тодоров...

Медицински сестри од приватните здравствени  установи ќе може да се вратат во  јавното здравствство каде што работеле претходно. Со оваа уште повеќе ќе се зголеми квалитетот на здравствениот кадар, вели министерот Тодоров.

Услов за враќање на медицинските сестри, техничари и технолози е да имаат најмалку три години работно искуство во јавна здравствена установа или најмалку седум години во јавна или приватна здравствена установа која врши болничка дејност, нагласи министерот Тодоров.

Владата веќе даде зелено светло, а измените на Законот се  доставени до Собранието. По усвојувањето ќе следи оглас. 30 медицински сестри веќе покажале интерс за враќање.