ЕУ испраќа мировници во Централноафриканската Република
Министрите за надворешни работи на Европската унија денеска во Брисел се договорија да испратат европски мировници во Централноафриканската Република (ЦАР). Трупите ќе бидат поддршка на околу четири илјади африкански и илјада и четиристотини француски војници кои создадоа тампон-зона меѓу муслиманите и христијаните во оваа земја. Околу милион жители, или околу 20 насто од населението, ги напуштиле досега своите домови поради насилствата. Во земјата, која е поранешна француска колонија, во тек е избирањето претседател, кое е во надлежност на Парламентот.