Со нов натпатник поврзани населбите Хиподром и Инџиково
08.12.2015 14:41
Со новиот натпатник ќе се овозможи неперечено и безбедно движење на граѓаните преку автопатот...

Пуштен во употреба новиот пешачки натпатник кој ќе ги поврзе населбите Хиподром и Инџиково. За изградбата град Скопје потроши 38 милиони денари.
Со новиот натпатник ќе се овозможи неперечено и безбедно движење на граѓаните преку автопатот.
Во општината Гази баба почнува и изградбата на клучката кај Смилковци.
