Македонска литература на Меѓународниот саем на книга во Софија

08.12.2015 14:48

Преку избрана продукција на белетристички, монографски, научни и репрезентативни изданија, ќе бидат претставени современата книжевна продукција и културното наследство и македонската историја...

По неколкугодишна пауза, од денеска до 13-ти декември, Република Македонија со свој штанд ќе учествува на 43-от Меѓународен саем на книгата што се одржува во Софија.

Преку избрана продукција на белетристички, монографски, научни и репрезентативни изданија, ќе бидат претставени современата книжевна продукција и културното наследство и македонската историја. Ќе бидат присутни и авторите Киро Донев, Владимир Плавевски и Фросина Пармаковска, чии дела неодамна беа објавени на бугарски јазик.

Ќе биде промовиран и конкурсот за финансирање преводи на странски издавачи на репрезентативни дела од македонската книжевност на странски јазици, што го спроведува Министерството за култура, со цел поттикнување на творештвото, афирмација и промоција на нашата култура.

На реномираниот саем учествуваат околу 200-те излагачи во простор на четири ката, а во меѓукатот посветен за странските излагачи, ќе се претстават 10-на земји.