Катастарот го надгради електронскиот систем со нови хардверски решенија

09.12.2015 08:47

Надградбата ќе овозможи на Катастарот да ги подобри своите капацитети за реализација на идните проекти...

Во Агенцијата за катастар на недвижности денеска ќе биде пуштен во употреба надградениот електронски систем со нови хардверски решенија.

Надградбата ќе овозможи на Катастарот да ги подобри своите капацитети за реализација на идните проекти, да ја зголеми безбедноста на податоците и да ја подобри брзината на решавањето на предметите и издавањето на податоците.