Советот на странски инвеститори ќе ги презентира економските резултати

09.12.2015 08:49

Ќе бидат презентирани последните извештаи за резултатите и проекциите за развој на македонската економија...

Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија денеска ќе ги презентира последните извештаи за резултатите и проекциите за развој на македонската економија.

Ќе зборуваат претседателот на Советот Штефан Петер, претставникот на Меѓународниот монетарен фонд во Скопје Патрик Житон и претставникот од Канцеларијата на Светска банка Бојан Шимбов.