Американска компанија ќе гради инженерски центар во Македонија

09.12.2015 10:36

Пешевски изјави дека веќе е договорено една американска компанија да гради инженерски центар...

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски е во работна посета на САД, при што ќе оствари голем број директни средби со високи  претставници на десетина   компании, потенцијални инвеститори, на кои ќе им ги претстави можностите што ги нуди земјава за инвестирање.

За време на посетата Пешевски ќе ги посети државите Илиноис и Индијана. Пешевски изјави дека веќе е договорено една американска компанија да гради инженерски центар, при што во почетокот ќе бидат вработени 20 лица, а потоа планираат бројот да го зголемат.