„Чех Ерлајнс“ се враќа во Македонија
09.12.2015 10:46
Како што велат од „ТАВ Македонија“, соработката се обновува по прекинот од неколку години поради преструктуирањето на чешкиот авиопревозник...

Авио компанијата „Чех Ерлајнс“ повторно ќе лета од аеродромот „Александар Велики“. Како што велат од „ТАВ Македонија“, соработката се обновува по прекинот од неколку години поради преструктуирањето на чешкиот авиопревозник.
Со тоа ќе се зголеми бројот на авиодестинации што ќе им бидат понудени на патниците од домашните аеродроми.
Од март ќе се воведат и нови евтини авиолетови од „Александар Велики“ до три нови европски метрополи. Скопје со директен лет ќе се поврзе со Берлин, Копенхаген и Братислава.
