МВР: За 24 часа издадени нови 2.220 потврди за азил

09.12.2015 11:17

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан- 917, Ирак- 747 и Сирија- 556...

Во последнве 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 2.220 странски државјани, од кои 967 се од машки пол, 461 се од женски, 604 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 188 деца кои патуваат без родител, соопштуваат од МВР.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан- 917, Ирак- 747 и Сирија- 556.

Досега издадени се потврди на вкупно 319.727 странски државјани, од кои, 180.625 се од машки пол, 51.098 се од женски, 70.493 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 17.511 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија- 185.677, потоа Авганистан- 77.570, Ирак- 35.039, Иран- 6.231, Пакистан- 5.416, Палестина- 2.158, Сомалија- 1.276, Бангладеш- 1.253, Мароко- 1.317, Конго- 514, Алжир- 453, Либан- 434, Нигерија- 279, додека останатите се во помал број.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до Секторот за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.