Поригорозни мерки за влез во САД
09.12.2015 11:25
Зголемените мерки на претпазливост следуваат по терористичките напади во Париз...

Со 407 гласа „За“ и 19 „Против“, американскиот Конгрес изгласа поригорозни мерки за влез во САД, на странски државјани од 38 земји, кои досега можеа да ја посетат земјата без виза.
Зголемените мерки на претпазливост следуваат по терористичките напади во Париз. Визи и посебни мерки ќе бидат преземени особено кон патниците кои во изминатите пет години престојувале во Сирија и во Ирак.
