Најмалку 14 жртви во напад на талибанците врз аеродромот во Кандахар

09.12.2015 11:34

Авганистанските сили се уште се на терен и се обидуваат целосно да ги неутрализираат напаѓачите кои во заложништво држат едно семејство...

14- мина загинати, меѓу нив деветмина талибанци е билансот од вчерашниот инцидент на аеродромот во градот Кандахар, откако група талибанци се обидоа да го заземат аеродромскиот комплекс.

Авганистанските сили се уште се на терен и се обидуваат целосно да ги неутрализираат напаѓачите кои во заложништво држат едно семејство.

Нападот се случува во момент кога во соседен Пакистан се одржува средба на лидерите од регионот, а главна тема е војната во Авганистан.