Идентификуван третиот напаѓач во париската концертна сала „Батаклан“

09.12.2015 12:19

Извор од полицијата изјави дека станува збор за 23-годишен маж од Стразбур, Фуед Мохамед Агад...

Полицијата го идентификуваше и третиот напаѓач, кој учествуваше во терористичките напади минатиот месец во концертната сала „Батаклан“.

Извор од полицијата изјави дека станува збор за 23-годишен маж од Стразбур, Фуед Мохамед Агад.

Тој кон крајот на 2013 година патувал во Сирија со неговиот брат и група пријатели.

Во терористичките напади во Париз на 13 ноември се убиени вкупно 130 лица, од кои 90 во салата „Батаклан“.