Околу 2.500 лозари од Неготино и Демир Капија добија субвенции
09.12.2015 12:22
Лозаропроизводителите добија по 4 илјади денари за декар лозов насад. Исто така се врши и исплата на субвенциите за житарици и крупен добиток за 2015 година...

Почнувајќи од петокот попладне па сѐ до денеска, субвенции за одржување на лозови насади добија околу 2.500 лозаропроизводители од општините Неготино и Демир Капија.
Лозаропроизводителите добија по 4 илјади денари за декар лозов насад. Исто така се врши и исплата на субвенциите за житарици и крупен добиток за 2015 година.
Останатите лозаропроизводители кои аплицирале за субвенции, финансиските средства ќе ги добијат до крајот на годината.
На име субвенции за 2015 година, на близу 4.300 земјоделци од општините Неготино и Демир Капија ќе им бидат исплатени околу 5.000.000 евра.
