Големите компании почнаа со откуп на тутун
09.12.2015 12:25
Од денеска тутунот се откупува во „Алијанса“ од Kавадарци и „Струмица табак“, а од понеделникот вратите на пунктовите ги отворија и „Сокотаб“ од Битола и Прилепскиот тутунски комбинат...

Големите откупни компании почнаа со откупот на тутунот. Од денеска тутунот се откупува во „Алијанса“ од Kавадарци и „Струмица табак“, а од понеделникот вратите на пунктовите ги отворија и „Сокотаб“ од Битола и Прилепскиот тутунски комбинат.
Според Сојузот на тутунските здруженија, годинашната реколта е над 20.000 тони и е помала од ланската, но е поквалитетна. Затоа тутунарите очекуваат солидна откупна цена и реална процена на вагите на откупните пунктови.
