Путин: Се надевам дека против ИД не ќе мора да употребиме нуклеарно оружје

09.12.2015 12:57

Путин ова го изјавил на состанокот со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, кој што го известил за најновите резултати од операциите против џихадистите, пренесува сајтот „Раша тудеј“...

Откако за прв пат Русија изведе напади  на позициите на Исламската држава во Сирија од подморницата „Ростов на Дон“ стационирана во Медитеранот, Путин изрази надеж дека нема ќе има потреба од користење нуклеарно оружје.

Путин ова го изјавил на состанокот со рускиот  министер за одбрана Сергеј Шојгу, кој што го известил за најновите резултати од операциите против џихадистите, пренесува сајтот „Раша тудеј“.

„Мора да ги  анализираме сите ситуации на теренот и како функционира оружјето. Крстосувачките ракети со калибар КХ-101 се покажаа како модерни и многу ефикасни, а сега со сигурност знаеме дека тое е високо прецизно оружје што може да користи и конвенционални и нуклеарни боеви глави“, истакнал Путин.

„Досега, секако, не беше потребно да го користиме во борбата против тероризмот, а се надевам дека никогаш нема да биде потребно“, рекол претседателот на Русија.

Шојгу го известил дека од подморницата се погодени два големи пункта на терористите во областа Рака, а успешни се и нападите на авијацијата и на подводната флота, пренесува „Спутњик“.

За три дена извеле триста летови и погодиле 600 цели меѓу кои е зададен сериозен удар на нафтената инфраструктура, на магацини со оружје и на фабрика за мини.