Голем интерес за проектот 30/35
На конкурсот беа понудени 44 студиски програми на 16 факултети. Со тоа вкупниот број на запишани студенти преку овој проект ја надмина бројката од 1.800 лица во изминатите 6 години...

За проектот 30/35 за академската 2015-2016 година, се пријавиле 256 граѓани кои од различни причини во минатото немале можност да се стекнат со факултетска диплома. Проектот нуди запишување на прв циклус со годишно кофинансирање од 200 евра во денарска противвредност.
На конкурсот беа понудени 44 студиски програми на 16 факултети. Со тоа вкупниот број на запишани студенти преку овој проект ја надмина бројката од 1.800 лица во изминатите 6 години.
И овој пат интерес постоеше за сите струки, но најмногу за студиските програми во рамки на техничките, природно-математичките и медицинските науки, коишто согласно реалната состојба на пазарот на трудот се дефицитарни и обезбедуваат поголема можност за вработување и е економска сигурност на поединецот, истакна на денешната прес-конференција заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски.
