Хојт Ји: Успешен ангажман на ЕУ во Македонија
Овој модел на ангажман на ЕУ создава успешни примери. Првиот е Македонија, вели Брајан Хојт Ји, заменик помошник на американскиот државен секретар надлежен за Европа и Евроазија...

Oбновениот евроатлантски робусен ангажман на Западниот Балкан дава резултати, меѓу нив е и решавањето на политичката криза во Mакедонија, изјави денеска на меѓународната конференција во Брисел „Босна и Херцеговина- дваесет години по Дејтон“, Брајан Хојт Ји, заменик помошник на американскиот државен секретар надлежен за Европа и Евроазија.
„Овој модел на ангажман на ЕУ создава успешни примери. Првиот е Македонија. Еврокомесарот Хан и членови на Европскиот парламент беа силно ангажирани во работењето со Владата на Македонија за решавање на политичката криза меѓу владеачката партија и опозицијата. И само со ваков силен ангажман можеме да имаме ваква состојба каква што ја имаме денес во Македонија“, вели заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Хојт Ји.
