Аерозагадување: За 40% зголемени респираторните и кардио-васкуларни заболувања

09.12.2015 13:51

Од Институтот за јавно здравје апелираат: состојбата е алармантна во континуитет, има енормно загадување на воздухот...

За 30 до 40 проценти повеќе респираторни и кардио-васкуларни заболувања има во периодот на аерозагадувањето. Од Институтот за јавно здравје апелираат: состојбата е алармантна во континуитет, има енормно загадување на воздухот.

„Аерозагадувањето на кратки стази не се намалува, може само да се заштитиме привремено, но да го намалиме аерозагадувањето- единствно со акутните мерки кои се предвидуваат во алармантните периоди да дојде до примена на мерките кои се предлагаат, да се ограничи сообраќајот во централните потрачја на градовите, да се забрани возилата кои се постари воопшто да не влегуваат во тој дел, да се направи организација на системот на сообраќај. Тогаш ќе дојде до одредено намалување, не веднаш, но тоа е еден од начините да се намали аерозагадувањето во екот на сезоната. Сите други мерки треба да се прават вон сезоната“, велат од Институтот.

Наредната недела се очекуваат вонредни мерки.