Чавков: Личните карти не се користени за изборите, а лицата ги нема во Избирачкиот список
Досегашната истрага потврди дека доставените документи не биле употребени за гласање на изминатите избори, како што тврдеше неделникот Фокус и опозицијата...

Заменик министерот за внатрешни работи, Митко Чавков изјави дека случајот фалсификувани лични карти е употребен за дневно политички цели, бидејќи досегашната истрага потврди дека доставените документи не биле употребени за гласање на изминатите избори, како што тврдеше неделникот Фокус и опозицијата. ДИК ги испита податоците од документите и потврди дека со нив никој не бил на гласање.
„Начинот на кој беше отворен случајот преку најава во медиуми, па преку пишување во медиуми, па преку изјави на министерот за внатрешни работи, беше очигледно со намера да се креира една атмосфера или да се стекне едно мислење оти овие лични карти се искористени за изборни цели. Се разбира дека тоа нема политичка цел и интенцијата беше да се стекне впачаток оти е дел од долго најавуваните нерегуларности“, рече Чавков.
