Нова опрема за физикална терапија во поликлиниката „Букурешт“

09.12.2015 15:07

Во поликлиниката, физикална терапија годишно користат околу 11 илјади пациенти, а статистиката покажува дека од година на година бројот на пациентите се зголемува...

Поликлиниката „Букурешт“ доби комплетно нова опрема за физикална терапија вредна четири милиони денари.  Досегашната опрема во најголем дел била дотраена.

Во поликлиниката, физикална терапија годишно користат околу 11 илјади пациенти, а статистиката покажува дека од година на година бројот на пациентите се зголемува.

Според министерот Тодоров, набавката на оваа опрема значи поквалитетна здравствена услуга за пациентите.