Медведев: Соборувањето на СУ-24 беше основа за војна, но Русија се воздржа

09.12.2015 15:12

Медведев во телевизско интервју изјавил дека сите земји во 20 век во слична ситуација почнувале војна и дека турската постапка е директен напад на странска држава...

Рускиот премиер Дмитриј Медведев рекол дека соборувањето на рускиот воен авион Су-24 од страна на турските воздушни сили  бил доволна причина за војна, но Москва решила да не примени симетричен одговор.

Медведев во телевизско интервју изјавил дека сите земји во 20 век во слична ситуација почнувале војна и дека турската постапка е директен напад на странска држава. Меѓутоа, во сегашната ситуација војната е најлошото  нешто што би можело да се случи, оценил Медведев.

„Затоа решивме да не одговориме симетрично на турската постапка.“ На конференцијата за новинарите Медеведев рекол дека операцијата на воздухопловните сили во Сирија не претставува товар за буџетот.