Груевски на 14-ти, Ставрески на 17-ти декември пред Анкетната комисија
Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија дека Шилегов ја приватизирал комисијата, а опозицијата сака да добие политички поени...

Со писмени известувања до Анкетната комисија за прислушувањето, премиерот Груевски и министерот за финансии Ставрески ги информираа членовите дека се подготвени да дадат изјави и да бидат сослушани на 14-ти, односно на 17-ти декември.
Претседателот на Комисијата, Шилегов тврди дека бил пробиен рокот за известување од сведоците. Според редоследот што тој го објави во петокот попладне, премиерот Груевски беше повикан денеска, а министерот Ставрески утре.
Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија дека Шилегов ја приватизирал комисијата, а опозицијата сака да добие политички поени.
Со меѓусебно надгласување не беше усвоен дневниот ред за сослушување сведоци, ниту пак заклучоците од ВМРО-ДПМНЕ за комплетирање на безбедносните сертификати за членовите на комисијата и техничкиот перонал, за посета на УБК и Агенцијата за разузнавање и за материјалите од внатрешната истрага на безбедносните служби за случајот со прислушувањето.
