Турските власти со контра мерки против руските новинари
Новинарите до амбасадата во Москва ќе треба да достават повеќе документи, вклучувајќи и писмо на турски или англиски јазик, местото, времетраењето и целта на посетата, имињата на оние со кои би правеле интервју и медиумот во кој работат...

Турските власти со контра мерки против официјална Москва. Воведоа нови правила за издавање дозволи за руските новинари на турска територија.
Новинарите до амбасадата во Москва ќе треба да достават повеќе документи, вклучувајќи и писмо на турски или англиски јазик, местото, времетраењето и целта на посетата, имињата на оние со кои би правеле интервју и медиумот во кој работат.
Руски новинари кои се обиделе да истражат дали Турција е вмешана во трговијата со Исламска држава, биле уапсени и депортирани, пишува Раша тудеј.
Москва остро реагираше на ова решение. Конзулатот на САД во Истанбул денеска нема да работи од безбедносни причини.
