Меркел- личност на годината според магазинот „Тајм“

09.12.2015 15:44

Според магазинот, 61-годишната Меркел е избрана „поради прифаќањето на барањата упатени до нејзината земја, што никој друг политичар не би го направил, за спротивставување на тиранијата, како и за обезбеднување стабилно морално лидерство во светот“...

Магазинот „Тајм“ објави дека германската канцеларка Ангела Меркел, „жената која ја менаџираше должничка криза и предизвика многу контроверзи со отворање на границите на Германија за бегалците“, е избрана за личност на годината.

Според магазинот, 61-годишната Меркел е избрана „поради прифаќањето на барањата упатени до нејзината земја, што никој друг политичар не би го направил, за спротивставување на тиранијата, како и за обезбеднување стабилно морално лидерство во светот“.

Уредниците на „Тајм“ секоја година бираат „Личност на годината“, според критериумот најголемо влијание во светот за добро или за лошо. Оваа година во конкуренција биле и лидерот на ИД, Абу Бакр ал Багдади, еден од претендентите за републикански кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп и иранскиот претседател Хасан Рохани.

Меркел е четвртта жена која се нашла на насловната страна на магазинот.