Кампања против употребата на пиротехнички средства за време на празниците

09.12.2015 15:51

„Среќна и безбедна 2016 година – во семејно и пријателско дружење“- почна кампањата која ја реализира СВР Скопје, а целта е одржување на поволно ниво на општата безбедност и јавниот ред и мир за време на Новогодишните и Божикните празници. Со показна вежба на учениците од средното приватно училиште „Јахја Кемал“ им беа предочени последиците што може да настанат од употребата на петарди.

Отсечени прсти, оштетен вид- најчести повреди од употреба на петарди. Почна кампањата која треба да ја промени оваа слика. Учениците велат дека се свесни за последиците.

Целта на оваа кампања е зголемена општа безбедност за време на Новогодишните и Божикните празници. Апел и до родителите: да работат со своите деца, да укажуваат на последиците, да влијаат на подигнување на свеста.

Оваа година кампањата е насловена „Среќна и безбедна 2016 година – во семејно и пријателско дружење“.  

 

Ана Јосифоска- Тодоровска