Нова опрема во поликлиниката „Букурешт“
Во функција е ставена новата апратура за физикална терапија вредна 4 милиони денари. Годишно, за оваа потреба, околу 11 илјади пациенти доаѓаат само во оваа поликлиника...

Пациентите со заболувања на мускулите и коските добиваат најсовремен третман во поликлиниката „Букурешт“. Во функција е ставена новата апратура за физикална терапија вредна 4 милиони денари. Годишно, за оваа потреба, околу 11 илјади пациенти доаѓаат само во оваа поликлиника.
„Сите кабунети во делот на физикалната терапија се обновени со нови апарати. Очекувам дека на овој начин, со нови апарати, со реновирана поликлиника, ќе може да се дадат услуги со повисок квалитет, на поголем број на пациенти“, вели министерот за здравство Никола Тодоров.
За првпат во јавното здравство има и два „шок вејв“ апарати што се користат во најсовремените медицински центри. Едниот е во поликлиниката „Букурешт“, другиот во поликлиниката „Јане Сандански“.
„Во хронично дегеренативни заболувања меѓутоа доста актуелна и во најпродуктивната фаза од 25 до 50 години каде луѓето со болки од различна природа како и калцификатите, кои се создаваат од нераздвиженост, спортски повреди, неправилно вежбање, посоперативно ќе имаат можност да ги добиваат третманите за аналгетско разбивање на калцификатите“, вели Татјана Баевска-Вучковиќ, директор на Здравствен дом- Скопје.
Користењето на оваа опрема ќе значи поквалитетна здравствена услуга и опслужување на поголем број пациенти. Според истражувањата, физикалната терапија се повеќе ги заменува лековите за мускулно-коскените заболувања.
Наташа Гркова- Петрушевска
