Тутунот реално се проценува, просечна цена од 177 денари
Големите откупувачи ги отворија вратите за преземање на родот на тутунот тежок 23.000 тони. Министерството и инспекторатот во обиколка на пунктовите. Констатираат- реално се проценува родот, а тутунарите ги чекаат 23 милиони евра субвенции...

Прилепскиот тутунар Трајко Матески произвел 15 тони тутун . Дел од родот донесе на процена на вагите во прилепскиот комбинат. Вели, реално се цени родот.
„Беа реално проценети двојка. Беше долна берба на тутунот и сум задоволен од овие неколку картони“, вели тутунарот Матески.
Големите откупувачи во земјава ги отоврија вратите на пунктовите. Министерството и инспекторатот во обиколка на теренот. Тутунот реално се цени, достигнува просечна цена од 177 денари.
„Генерално, се одвива во најдобар ред. На задоволство на сите страни оваа реколта да се откупи во најбрз можен рок и да биде реално вреднувана, да бидат задоволни земјоделците, и нормално, и во најбрз можен рок да бидат исплаети субвенциите кои се подготвени и оваа година“, вели Ванчо Костадиновски, заменик министер за земјоделство.
Инспекторатот будно ќе ја следи ситуацијата. Од 145 пункта во земјава сега се отворени 67.
„Државниот инспекторат за земјоделство прави напори и има распоредено зголемен број инспектори кои ќе бидат присутни на секој откупен пункт и секоја неправилност да биде пријавена“, вели Цветан Трипуновски, директор на земјоделскиот инспекторат.
Државата продолжува со поддршката за тутунарите. Во четири години на сметките на производителите од Пирлеп и Кривогаштани се слеале 30 милиони евра. Годинашнава реколта е до 23.000 тони. Околу 23 милиони евра субвенции веќе се одвоени за тутунарите.
Прилепскиот комбинат ќе откупи 3.000 тони, а исплатата ќе ја врши во рок од 7 дена.
Елизабета Митреска
