Расте извозот на конзервната индустрија
10.12.2015 10:54
Продолжува растот на извозот на конзервирано овошје и зеленчук. На странските пазари се продадени поголеми количества за 3 проценти...

Лани на странските пазари биле продадени 46,5 илјади тони преработки од овошје и зеленчук во вредност од 51 милион евра што е за 3 проценти повеќе од претходната година.
Според преработувачите, за само неколку месеци извозот има континуиран раст во количетвата и вредноста. Во 2007 година биле пласирани 30 илјади тони колку што сега се продава само на европскиот пазар.
Во оваа дејност има 43 капацитети кои вработуваат скоро 1.000 постојани и 3.000 сезонски работници, претежно од руралните средини.
Методија Трајков
