За 24 часа издадени нови 2.032 потврди за поднесување барање за признавање азил

10.12.2015 11:13

Досега, како што соопшти МВР, издадени се потврди на вкупно 321.759 странски државјани, од кои, 181.494 се од машки пол, 51.525 се од женски, 71.021 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 17.719 деца кои патуваат без родител...

Во последниве 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 2.032 странски државјани, од кои 869 се од машки пол, 427 се од женски, 528 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 208 деца кои патуваат без родител. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-901, Авганистан–623,  и Ирак-508.

Досега, како што соопшти МВР, издадени се потврди на вкупно 321.759 странски државјани, од кои, 181.494 се од машки пол, 51.525 се од женски, 71.021 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 17.719 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството најбројни се државјаните на Сирија-186.578 потоа Авганистан-78.193, Ирак-35.547, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514,  Алжир-453, Либан-434,  Нигерија-279, додека останатите се во помал број.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до до Секторот  за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.