Прегазен пешак кај охридското село Требеништа

10.12.2015 11:20

64-годишниот жител на Требеништа минувал на коловозот кога бил удрен од патничко возило „Рено лагуна“, со охридски регистарски таблички...

Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на магистралниот пат Охрид-Кичево во близина на селото Требеништа.

64-годишниот жител на Требеништа минувал на коловозот кога бил удрен од патничко возило „Рено лагуна“, со охридски регистарски таблички.

По несреќата бил пренесен во охридската болница каде им подлегнал на повредите.