Генералниот секретар на НАТО, во работна посета на Албанија
10.12.2015 11:32
Aлбанските медиуми пишуваат дека меѓународната кампања за безбедност и борбата против Исламска Држава ќе бидат во фокусот на разговорите...

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска е во работна посета на Албанија, каде ќе оствари средба со претседателот Бујар Нишани и со министерот за надворешни работи Дитмир Бушати.
Иако нема официјална информација за целта на посетата, албанските медиуми пишуваат дека меѓународната кампања за безбедност и борбата против Исламска Држава ќе бидат во фокусот на разговорите.
