Реконструирано детско игралиште во Кисела Вода

10.12.2015 11:52

Поставени се нови и современи реквизити за детска игра кои во децата ќе ја пробудат креативноста, фантазијата, ќе им ја подобрат концентрацијата, истовремено поттикнувајќи ги на дружење со врсниците...

Рекоструирано е детското игралиште кое се наоѓа помеѓу улиците “Христо Татарчев” и “Козјак” во населбата Кисела Вода. Поставени се нови и современи реквизити за детска игра кои во децата ќе ја пробудат креативноста, фантазијата, ќе им ја подобрат концентрацијата, истовремено поттикнувајќи ги на дружење со врсниците.

Новиот детски комплекс е составен од пирамида за искачување, клацкалки, лулашки, коњчиња на федер. Поставена е и заштитна гумена подлога. Просторот е надополнет со урбана опрема - канти за отпадоци и клупи, заграден е и ќе биде соодветно осветлен.

Општина Кисела Вода за ова ново детско катче, од својот буџет издвои околу 800 000 денари.