Ракомет - ЕП 2014 Данска

Нема што да се загуби

20.01.2014 14:30

Против Исланд не очекува тежок натпревар, но нема што да загубиме, велат нашите ракометари пред натпреварот од второто коло во втората фаза на Европското првенство во Данска. Целта е исполнета, Македонија е меѓу најдобрите 12 во Европа, при ждрепката за бараж - натпреварите за Светското првенство во Катар ќе имаме улога на носител, па нема причина во мечот со Исланд да не се влезе растоварено и да се одигра најдобро што може. Според селекторот Обрван, Исланд е технички одлична репрезентација што игра брз ракомет, со квалитетни играчи на сите позиции што редовно постигнуваат над 30 гола.

Против Исланд не очекува тежок натпревар, но нема што да загубиме, велат нашите ракометари пред натпреварот од второто коло во втората фаза на Европското првенство во Данска. Целта е исполнета, Македонија е меѓу најдобрите 12 во Европа, при ждрепката за бараж - натпреварите за Светското првенство во Катар ќе имаме улога на носител, па нема причина во мечот со Исланд да не се влезе растоварено и да се одигра најдобро што може. Според селекторот Обрван, Исланд е технички одлична репрезентација што игра брз ракомет, со квалитетни играчи на сите позиции што редовно постигнуваат над 30 гола. Нашата шанса ја гледа во можноста да го намалиме бројот на примени голови со помош на голманите, но и со добра игра во одбраната.

Здравствениот билтен пред мечот со Исланд е поволен. Велко Марковски уште чувствива болки во грбот, но по направените снимки е утврдено дека нема хематом и не е ништо посериозно, а слична е и состојбата со Гоце Ојлески, кој го свитка скокалниот зглоб, но и покрај малата болка е подготвен да игра. Сепак, за да не биде се идеално, по тренингот стигна загрижувачка информација за состојбата на Кирил Лазаров. Нашиот капитен се пожалил на болка во препоните, но сепак очекуваме денеска да го видиме на натпреварот со Исланд. Да потсетиме, Лазаров поради слични проблеми речиси комплетно ги пропушти двата квалификациски натпревара против Шпанија во април минатата година.

Против Исланд, македонската репрезентација нема позитивен биланс. Во досегашните 11 натпревари има само 2 победи, но последната во 2008-ма на промоцијата на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје не само што значеше пласман на СП во Хрватска во 2009-та туку и најави серија настапи на македонските ракометари на големите манифестации.