ЕУ: 10 милиони евра за надминување на штетите од поплавите
10.12.2015 13:09
Првата транша од 3 милиони евра ќе биде обезбедена годинава во декември, преку програмата за развој на ОН...

За надминувањето на штетите од поплавите, Македонија ќе добие 10 милиони евра од ЕУ во наредните две години. Парите ќе бидат искористени за поправка на патиштата, мостовите и на водоводната инфраструктура.
Првата транша од 3 милиони евра ќе биде обезбедена годинава во декември, преку програмата за развој на ОН.
Над 170 илјади лица претрпеа штети во поплавите во 2015 година.
