ЦИА: Можни се напади на руски туристи во Турција

10.12.2015 13:15

Според податоците на ЦИА, осомничените користеле лажен идентитет...

Американската разузнавачка агенција ЦИА, ја предупреди Анкара дека бомбаши самоубијци од Исламска држава и тројца палестинци кои биле дел од тимот коj го урна рускиот патнички авион на Синајскиот полуостров, подготвуваат напади на руски туристи во Турција.

Според податоците на ЦИА, осомничените користеле лажен идентитет. Турското министерство за внатрешни го подигна нивото на готовност при што ги извести сите регионални дирекции.