Преквалификација: Бесплатни обуки за напредни ИТ вештини
Сите заинтерсирани можат да бидат дел од обуката за која треба само да аплициаат во некој од Центрите за вработување...

270 невработени имаат можност да се преквалификуваат и да се вработат како ИТ- програмери и дизајнери. Сите заинтерсирани можат да бидат дел од обуката за која треба само да аплициаат во некој од Центрите за вработување.
„За две недели ќе биде пуштен уште еден оглас од АВРМ за невработените лица кои се под една година на евиденција, а сакаат да слушаат обуки за Јава или Док-нет. Заинтересираните ќе можат да аплицираат во Агенцијата, со тоа што огласот ќе трае 10 работни дена“, вели директорот на АВРМ, Влатко Поповски.
„Ќе станат програмери, благодарение и на работното искуство со кое што ќе се стекнат во компаниите кои се повеќе и повеќе доаѓаат во нашата земја. Очекуваме дека бројот на луѓе кои работат во ИТ индустријата значително да се зголеми“, изјави Валентина Тасева, директор на Семос Едукација.
Според надлежните мерките за невработените даваат резултати.
„Над 5.000 лица во 2015 година се вработени со мерките за вработување, односно преку обуките, субвенционираното вработувањето и услугите кои ги нуди Агенцијата за вработување на Република Македонија“, нагласи заменик- министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.
На 2.000 невработени обуките им помогнале да најдат работа, додека на 3.000 невработени посредувањето, професионалната ориентација или мотивациските обуки.
Наташа Јанчиќ
