Редовна линија Скопје - Прага од мај идната година
Билетот во еден правец ќе чини 5.039 денари, а цената на повратниот билет ќе изнесува 9.725 денари, вклучувајќи ги сите такси...

Oд мај идната година повторно ќе биде воспоставена редовната авионска линија Скопје - Прага. „Чех ерлајнс“ од 20 мај ќе сообраќа на релацијата Скопје - Прага двапати неделно во понеделник и во петок, а од 13 јуни и секоја среда.
Билетот во еден правец ќе чини 5.039 денари, а цената на повратниот билет ќе изнесува 9.725 денари, вклучувајќи ги сите такси.
Чех ерлајнс (ЦСА) ќе почне со операции на линијата Скопје – Прага од 20 мај 2016 и ќе лета два пати неделно кон аеродромот ,,Александар Велики’’. Полетувањето од Скопје ќе биде во понеделник и петок наутро во 04:10 по локално време, а пристигнувањето на аеродромот ,,Вацлав Хавел’’ во Прага во 06:00 по локално време. Од 13 јуни 2016, авиопревозникот ќе додаде уште едно полетување од Скопје во среда во истото време. Летовите од Прага ќе бидат во четврток и недела, а од 14 јуни 2016 и од вторник, навечер од 22:25 по локално време, со пристигнување во Скопје во 00:25. Летовите ќе бидат оперирани со модерни воздухоплови Ербас А319 со 144 седишта во бизнис и економска класа. Чех ерлајнс (ЦСА) планира да оперира преку целата година, се наведува во соопштението од ТАВ Македонија.
Летовите ќе се реализираат со модерни воздухоплови Ербас А319, а „Чех ерлајнс“ (ЦСА) планира да оперира преку целата година. Билетите од вчера се во продажба.
