Орав: Работните групи да ја завшат работата што побрзо

10.12.2015 14:39

Ситуацијата ја следиме со загриженост затоа што уште еден краен рок не беше исполнет и три независни експерти не беа назначени, изјави денеска евроамбасадорот Аиво Орав...

Партиите да се договорат за целосниот состав на ДИК, повика европскиот претставник во земјава Аиво Орав. Тој го поврза исполнувањето на Јунско-јулскиот договор со условената препорака за почеток на преговорите со Унијата.

„Ситуацијата ја следиме со загриженост затоа што уште еден краен рок не беше исполнет и три независни експерти не беа назначени. Шест членови беа назначени од страна на партиите, но три членови кои треба да бидат независни, да имаат експертиза и познавања во оваа област, сеуште не се избрани“, вели евроамбасадорот Орав.