Исплатени 10.863.112 денари на 146 лица како отштета од поплавите во Струмица
10.12.2015 15:03
Заедно со претходно исплатените средства, досега се исплатени вкупно 314.512.163 денари на 2.861 лице отштетенo од поплавите кои се случија годинава...

Владата денес исплати 10.863.112 денари на 146 лица како отштета од поплавите во Струмица, соопшти Министерството за финансии.
Заедно со претходно исплатените средства, досега се исплатени вкупно 314.512.163 денари на 2.861 лице отштетенo од поплавите кои се случија годинава.
Отштета е исплатена на граѓаните од Струмица, Могила, Новаци, Битола, Прилеп, Демир Хисар, Велес, Пробиштип, Штип, Охрид, Чешиново, Облешево, Градско, Радовиш, Карбинци и Македонска Каменица.
Владата и понатаму ќе продолжи со исплатата на отштетите од поплавите.
